Графити уметникот Бенкси сними филм, а премиерата на истиот ќе биде на Санденс филмскиот фестивал оваа недела. Тоа ќе биде прв пат овој уметник и активист да зборува пред камера, но не е сè уште сигурно дали овој пат ќе го дознаеме неговиот идентитет.

Филмот се вика Exit Through The Gift Shop, а се најавува како „првиот катастрофален филм за уличната уметност“. Бенкси вели дека филмот зборува за францускиот документарист кој се обидел да го запознае и да се спријатели со него, за на крај да ја сврти камерата кон него. Од Санденс велат дека филмот е комбинација на документарец и фикција.
Погледнете го трејлерот.