Белоруската фудбалска лига ги живее своите пет минути. Не толку поради квалитетот, колку поради тоа што е единствената сѐ уште активна во Европа, и покрај пандемијата на коронавирусот.
Белоруското првенство ги руши сите можни сопствени рекорди на ТВ каналите, со дури 11 нови потпишани договори за преноси на натпреварите. Големата популарност, пак, мотивира и облoжyвање.
Како што пренесуваат белоруските медиуми, белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој се прослави со апелите граѓаните да пијат вотка за да се заштитат од коронавирусот, сега ги повикува граѓаните да ги наполнат трибините на натпреварите. Според него, актуелната ситуација со коронавирусот е само непотребна психолошка игра.
Дел од јавноста и, секако, експертите, прават притисок првенството да се прекине, но Лукашенко засега е „глyв“ за таквите барања, исто како и за барањата за воведување на заштитни мерки од коронавирусот.
Во меѓувреме, на белоруските фудбалски терени се играа куп натпревари. Во средата се играа натпревару од Купот на Белорусија, а минатиот викенд натпреварите од плејоф-от и плејаут-от.