Истражувањето на Бриселскиот институт за статистика и анализа (BISA), покажува дека во последните 16 години бројот на странците во Брисел постепено го надминал бројот на населението родено во Белгија кое живее во градот.
Податоците се однесуваат и на странците кои го задржале државјанството на своите матични земји, но и за оние кои станале државјани на Белгија.
Според податоците на BISA за 2016-та, 65% од жителите на Брисел имаат белгиско државјанство, но само 44% се родени во Белгија.