Белгијците чекаат одлука од ЕУ со која ќе им биде дозволено мртовците да ги раствораат во корозивен раствор, наместо да ги кремираат.
Белгијците чекаат одлука од ЕУ со која ќе им биде дозволено мртовците да ги раствораат во корозивен раствор, наместо да ги кремираат.
Загрижени од двата проблеми: недостаток на погребни места и големото количество јаглерод диоксид што се испушта во атмосферата со секоја кремација (260 килограми), погребните претпријатија во Белгија поднеле барање за воведување на ресомацијата како опција за справување со телата на мртовците.
При овој процес, телото се става во челична комора под висок притисок полна со калиум хидрооксид, на температура од 180 степени. Високо корозивното соединение во содејство со високиот притисок и температурата сосема го раствораат телото, за два до три часа.
Ваквиот метод на „погребни“ услуги веќе е легален во 6 американски сојузни држави, а во тек е процедуара за одобрување и во Велика Британија (со оглед на тоа што ресомацијата е дело на истоимената компанија од Глазгов). Зборот ресомација потекнува од грчкиот збор „ресома“, што значи повторно раѓање на човечкото тело.