Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцината против Ковид

Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук.

Земјата располага со 15.3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека за да се добијат нови дози, земјата мора да ослободи простор во ладилниците.

„Уништувањето ќе се случи во најскоро време“, објасни министерот.

МИА

- Реклама -