Белгиецот што се заљуби и пееше за Македонка на Евровизија (ВИДЕО)

Некои од постарите, особено тие што разбираат француски, можеби го паметат ова, ама ние го најдовме сосема случајно, поради Есма. Од веста дека на кралицата на ромската музика ѝ посветиле метро станица во Брисел, со која споделивме и видео од настапот на Есма и Лозано на Евровизија (бидејќи е актуелна во моментов) за да покажеме дека без неа не може да се замисли целокупната македонска музичка слика, YouTube нѐ завлече кон некоја компилација од евровизиски настапи на Македонија од 1996 до 2020 година. Додека се опоравувавме од уште еден срцев удар од рефренот на XXL на незаборавната „100 посто те љубам“, налетавме на коментарот на некоја си Elda Mengisto, која којзнае од кое парче на светов, препорачува да ја провериме евровизиската песна на Белгија од 1990 година.

И така, стигнуваме до Филип Лафонтејн и неговата песна насловена „Macédomienne“ (кованица од „Македонка“ и „моја“). Признаваме, се вљубивме на прво слушање и читање на текстот, исто како што и Филип веројатно се вљубил во неговата Македонка, ама, се чини, и во Охрид. Ако нас нѐ прашате, ова е една од најубавите песни напишани за Македонките.

Еве што напиша и испеа Лафонтејн за својата сопруга (да, сопруга) во 1990 година:

Кога плаче, тоа е целиот Јадран
Коj ги поплавува нејзините очи
Кога спие, не е далеку од Охрид
Таа сонува на работ од убави сини езера
Ја гледам повторно, мало девојче со боси нозе
Дожд во нејзината коса
Во нејзината куќа, на земјениот под
Ги остави илузиите на сите нејзини игри

Прочитајте и:  Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница

Кои сака да ги задржи за себе
Таа има шарм на Македонците
Од витално значење е да ја сакам, да ја задржам
Што и да правите или мислите

Но, таа е поубава
Оние кои не ми веруваат, нека дојдат
Ќе видат колку имам и дека таа е моја
Можете да викате, можете да плачете, можете да се смеете
Но, сигурно не како неа

Кога спие, тоа е на дното на ридот
Таа го прави со моето тело она што таа сака
Таа е сончоглед кој мигрира во лозја
Со суво срце и со пламен на оган

Цигански плач скриен во нејзиниот шепот
Таа живее љубов без воздржување
Кога таа се бори со своите рани
Таа се преправа, им се потсмева на боговите

Премногу ја сакаат
Таа има шарм на Македонците
Од витално значење е да ја сакам, да ја задржам
Што и да правите или мислите

Но, таа е поубава
Оние кои не ми веруваат, нека дојдат
Тие ќе видат колку имам и дека таа е моја
Можете да викате, можете да плачете, можете да се смеете
Но, сигурно не како неа

* се извинуваме за (веројатно) лошиот превод, но не смеевме да не го споделиме

пс. Тоа горе е фотографија на македонскиот фотограф и камерман Благоја Дрнков (1914 – 2012)

- Реклама -