Трендови: Бејзбол-капи

Ако сакате сезонава вашиот плакар да биде навистина трендовски поткован, тогаш модните додатоци што апсолутно мора да си ги набавите се класичнте бејзбол-капи.

Благодарение на невообичаените принтови и женствените материјали, ова спортско парче облека што настана во 1860 година како метод за распознавање на различните бејзбол клубови, денеска има модерен печат, и дури се вклопува како соодветен моден додаток во авангардните креации од високата мода.

Независно дали ќе одберете обична еднобојна капа со која ќе заминете на прошетка, ќе побарате спортски модел со женствена цветна нота, или, пак, ќе купите необичен модел со животински принт, конечниот исход ќе биде полн погодок независно од комбинацијата.

Сепак, иако овие капи се интересни и одлично се наоѓаат во сите ситуации кога вашата фризура не е во најдобра форма, не заборавајте дека дури и најженственото капче нема добро да се вклопи со мини-здолниште, јака шминка и високи потпетици. Затоа, не одете во екстреми.

Прочитајте и:  Скромниот кројач од Скопје кој стигна до најлуксузните модни куќи во Париз

Брендовите „Гучи“, „Топшоп“, „Јесштад“, „АСОС“ и многу други прикажаа колекции со манекенки што носат токму бејзбол-капи.

- Реклама -