„Бегај, бегај“ е новата песна на Каролина која сигурно ќе стане хит!

Во пресрет на големиот концерт кој ќе се одржи во „Борис Трајковски“ на 13-ти декември, Каролина Гочева вчера на Јутјуб официјално ja промовираше и нејзината нова песна „Бегај, Бегај“.

Според коментарите на публиката и нејзините обожаватели, песната е фантастична.

Композитор е Кокан Димушевски, а песната е „cover“ или препев на насловната тема од култната македонска серија „Трст Виа Скопје“.

Текстот за оваа песна го направи Весна Малинова, а аранжманот е на Никола Мицевски .

- Реклама -