Бебињата гледаат нешта што возрасните не можат да ги видат

Baby watching

Кога бебињата се само 3 до 4 месеци стари, можат да забележат разлики во дадени слики што возрасните никогаш не ги воочуваат. Сепак, веќе на возраст од 5 месеци, бебињата почнуваат да го губат својот супер-вид, вели Сузана Мартинез-Конде за Scientific American.

Сеедно, нема простор за да им љубомориме на новороденчињата. Причината за тоа што возрасните (а и бебињата постари од 8 месеци) ја губат таквата способност, лежи во тоа што со текот на времето, нашите мозоци научуваат кои разлики се важни за да бидат забележани.

На пример, кога возрасните ги гледаат сликите од полжав (подолу), тие очекувано велат дека сјајниот полжав А и сјајниот полжав B се најслични. Заматениот полжав C се чини дека има помалку финеси и помала резолуција. Ама бебињата всушност можат да „провалат“ дека послични се полжавот B и полжавот C. Да, тешко е за возрасните да видат, но полжавот A отскокнува од другите затоа што неговата површина рефлектира тотално различни осветлувачки услови. Бебињата се многу почувствителни на таа навидум тривијална разлика во сликите.

preconstancy_vision_in_infants_current_biology[1]

„Учиме да игнорираме одредени видови на разлики за да можеме да го препознаваме истиот објект како неменлив, дури и во повеќе различни сценарија“, пишува Мартинез-Конде.

Истражувачите од Токио ја истражуваа оваа способност кај најмладите така што тестираа 42 бебиња на возраст од 3 до 8 месеци. Бидејќи бебињата не знаат да ззборуваат, истражувачите ја следеа нивната перцепција на сликите врз основа на тоа колку долго бебињата зјапаат во една слика; пораните истражувања покажуваат дека кога бебето ќе види нешто ново, зјапа подолго, а врз објектите што му се познати, само накратко поминува со погледот.

Временската разлика во гледањето покажа дека 3 и 4-месечните бебиња ја забележуваат разликата во интензитетот на пикселите и се помалку импресионирани од разликите на површината, било сликата да е посјајна или позаматена. Експериментот исто така покажува и дека кога бебињата ќе наполнат 8 месеци, нивниот вид е поблизу до оној на возрасните и веќе не можат да ја забележат разликата во пикселите. Наодите се објавени во журналот Current Biology.

Овој процес, научниците го нарекуваат „стеснување на перцепцијата“, што значи дека вниманието станува пофокусирано, па луѓето можат да пропуштат одредени детали и разлики. Сепак, тоа е само нормален дел од развојот на мозокот и видот.

Едно друго истражување исто така оди во прилог на ваквите заклучоци: бебињата помлади од 6 месеци препознаваат мајмуни само врз основа на нивните лица, додека возрасните (како и 9-месечните бебиња) можат да препознаваат само човечки лица.

Губењето на сензитивноста не е нешто по што треба да жалиме, без разлика. Бебињата се фокусираат на разликата што произлегува од промената на осветлувањето, не на промената на самиот објект. Наместо тоа, возрасните препознаваат дека се работи за истиот полжав, дури и кога средината околу него се променила во некој од аспектите. Игнорирањето на таквата „безначајна“ разлика е начин за луѓето да ја „наштелуваат“ перцепцијата во согласност со нашата околина, што ни овозможува да ја навигираме ефикасно и успешно. Не треба да жалиме, „дури и ако голем дел од реалноста остане засекогаш надвор од нашиот дофат“, пишува Мартинез.

Значи, накратко, бебињата гледаат нешта што возрасните не можат да ги видат, но возрасните во целост го разбираат она што го гледаат.

- Реклама -