Роботиката напредува со неверојатна брзина. По создавањето на робот кој може да трча, робот кој учи и робот кој полека се подготвува за средновековна војна, сега инженерите создале и робот кој може да лази како бебе. Оваа верзија на iCub е дизајнирана да научи да лази, неговата намена е истражување на начинот на кој се развива човечката когниција, користејќи изрази на лицето и адаптивни техники за учење. Идејата зад дизајнот е iCub да учи на ист начин како и вистинско дете.
{youtube}9mWz93En7Gw{/youtube}