Екипа на британската телевизија BBC пристигнала во Белград за да сними репортажа за Србија, но и за Лепа Брена.
„Ќе се базираме на историјата на Балканот, но исклучиво на убавите феномени, имајќи предвид дека имаше премногу грди, претежно воени. Српската престолнина е славна во светот по ноќниот живот и тоа е меѓу другото еден од феномените. Вториот секако е Лепа Брена, која ќе остави печат во историјата и која ја одбележа музичката сцена не само во Србија туку и во поголемиот дел од Европа“, рекол продуцентот Брајан Ли.
Брена била многу изненадена за ваквиот пристап на BBC кон неа.
„Многу ми е драго што ќе и ја претставиме на светот нашата музика и енергија. Драго ми е што ќе придонесам за тоа и многу се радувам на разговорот со британските новинари затоа што конечно треба светот да не гледа како добар, мирољубив народ, а не како некој зафрлен дел во кој се војува“, рекла Брена за српскиот весник „Блиц“.