Базени од птичја перспектива

Во неговиот последен проект – „Pools“, мета на интерес на германскиот фотограф Стефан Зирвес е еден од најценетите и витални ресурси на Земјата – водата. Во овие воздушни снимки од базените во јужна Германија, тој алудира на нашата тенденција да го приватизираме она што е заедничко, на сите.

Отсуството на дистракции, освен малиот број капачи, е со цел фокусот на вниманието во целост да се насочи на самите базени. Тоа пак, треба да алудира на тенденцијата на залудно и претерано трошење на совршено добра вода за пиење, која многумина ја немаат. Некои од базените седат и тотално празни, без луѓе, и без поента, служејќи единствено како естетски фигури на инаку безличната околина.

„Во повеќето региони во светот“, вели Зирвес, „овие базени се резервирани за приватна употреба и се огромно арчење на вода за пиење. Јавните базени сепак можат да бидат симбол на важното значење дека водата треба да биде бесплатна и достапна до сите“.

babybecken-BB_40x30_12C1049 inselbad-sprungturm_12C1303 Leo-Sprungturm2_12C1185 mineralbad-BB_-40x30-12C1043 sifi-schwimmer_40x30-12C1149 sifi-sprungbecken-40x30_12C1124 Vaihinger-kinderbecken-2_12C1341

- Реклама -