Фотографите Ник Селви и СиЏеј Кејл ги минуваат своите денови во жешка вода, која некогаш достигнува температура на вриење, за да ги создадат овие драматични фотографии од лава која влегува во океанот околу Хаваи.
Двајцата фотографи се сместуваат во близина на активните вулкани Килауеја и Калапана во Хаваи каде што чекаат лавата да стигне до морето. Во нивните фотографии портокаловата лава се судира со сино-сивата позадина на морето. Повеќето од нивните фотографии се направени во услови со ниско ниво на светлина.