Џенсон Батон нема да му помага на Хамилтон

Џенсон Батон досега има освоено само 76 бода во Формула 1 шампионатот, дури 88 помалку од водечкиот Фернандо Алонсо. Со оглед на фактот дека Британецот во моментов се наоѓа на седмото место во генералниот пласман, јасно е зошто тој е целосно отпишан од битката за највисок пласман.

Сепак, Батон останува цврст на ставот дека ќе се бори за што подобар пласман на секоја трка, но и дека нема намера да му прави услуги на тимскиот колега Луис Хамилтон, иако тој сè уште има шанси за освојување на титулата.

„Јас сум член на Мекларен Мерцедес и моја цел е да помогнам тимот да освои што повеќе бодови. Немаме прв и втор возач, затоа Хамилтон не треба да очекува услуги од мене. Тимски наредби не доаѓаат предвид и сите во Мекларен го знаат тоа. Доколку се наоѓам пред Хамилтон на некоја трка можам да гарантирам дека нема да го оставам да ме мине само за да освои повеќе бодови од мене, едноставно не сум таков возач“ истакна Батон.

- Реклама -