Батерии од хартија – преносен енергетски извор на иднината (видео)

Хартиена батеријаНаучниците од универзитетот Стенфорд во Калифорнија објавија дека работат на батерија која се прави од хартија, а која е неколку пати поефикасна и поиздржлива од најефикасните стандардни батерии на денешницата. Со усовршувањето на оваа технологија, многу од апаратите кои секојдневно ги користиме ќе станат полесни, а ќе може да се користат и значително подолго време.

Научниците од универзитетот Стенфорд во Калифорнија објавија дека работат на батерија која се прави од хартија, а која е неколку пати поефикасна и поиздржлива од најефикасните стандардни батерии на денешницата. Со усовршувањето на оваа технологија, многу од апаратите кои секојдневно ги користиме ќе станат полесни, а ќе може да се користат и значително подолго време.

Хартиена батеријаСо употреба на јаглеродни наноцевки во кои ќе може да се складира електрична енергија, научниците од универзитетот Стенфорд, Калифорнија, успеаја да ги создадат батериите на иднината. За разлика од денешните најефикасни батерии, новите хартиени батерии ќе бидат екстремно лесни, ќе складираат повеќе енергија и нормално, ќе траат подолго.

Ова не е првпат да се говори за употреба на нанотехнологија за правење батерии, но употребата на хартија како подлога што ќе ги држи наноцевките е навистина генијална идеја! Имено, хартијата е евтин материјал, што неминовно ќе ја снижи цената на батериите во целост. Потаму, хартијата е механички силна, а истовремено може лесно да се витка според намената за која ќе се користи батеријата. Нормално, хартијата е и лесна, што ќе го направи животот на крајните корисници уште толку поедноставен.

Истражувањето започнало со обична хартија за копирање врз која се нанесувало мастилото во кое се содржеле наноцевките. Потоа така подготвената хартија се натопувала во раствори во кои се содржи литиум и електролити што ќе го помогнат брзото движење на електричната струја. Првичните резултати биле одлични – батеријата успевала да впие големи количини елетрицитет, а потоа имала способност многу бргу да го ослободи – правејќи ги новите батерии одлични за нешта кои имаат потреба од брзо ослободување енергија, како на пр. електрични автомобили (иако тимот најави дека во брзо време нема да работи на батерии за автомобилската индустрија).

Главниот истражувач на проектот, д-р Лиангбинг Ху најавил дека батериите ќе бидат достапни за комерцијална употреба веднаш штом ќе бидат усовршени, нешто на што неговиот тим забрзано работи. Покрај хартијата како подлога, тие го истражуваат и потенцијалот за употреба на ткаенини, но и директното нанесување на бојата со наноцевки на разни површини, како на пр. ѕидови.

{youtube}QPTcQJPbGHw{/youtube}
- Реклама -