Фудбалерите на Барселона го доживеаја првиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вчера загубија со 2:1 од Селтик.
Не им се допадна дождливиот Глазгов на избраниците на Тито Виланова, па иако имаа надмоќ во поседот на топката, не успеаја да го разбијат ѕидот на Селтик.
Домашниот тим поведе со 1:0 во 21.минута, со првиот удар кон голот на Валдес, по корнерот кога најдобро се снајде Ванјама и со глава ја затресе мрежата на Барселона.
Потоа шпанскиот тим долго бараше начин да израмни, но во завршницата Селтик постогна и втор гол преку Ват.
Лионел Меси само постигна почесен гол во последните моменти од средбата, но тоа не го уништи најубавиот подарок на навивачите на Селтик во прославата на 125-годишнината на клубот.