По пет дена недостапност за органите на прогонот, поранешниот претседател и судија во Кривичниот суд – Владимир Панчевски, денеска напладне сам се пријавил во притворското одделение во КПУ „Скопје“ во Шуто Оризари.
Информацијата за „Канал 77“ ја потврдил директорот на затворот – Есад Рахиќ.
Потегот на Панчевски доаѓа еден ден откако по барање на Основниот суд во Велес, вчера МВР распиша национална потерница по него.
Претходно, полицијата не можеше да го лоцира откако велешкиот суд му одреди 30-дневен притвор, поради тоа што Панчевски девет месеци не се појави на судењето за случајот „АКМИС“.
Во предметот, експретседателот на Кривичен суд се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година го злоупотребувал електронскиот систем за распределба на предметите со цел да бидат доделени кај подобни судии.
Во декември 2019-та, Панчевски беше разрешен од функцијата судија.
твото за внатрешни работи.