Девојка од Босна и Херцеговина постави оглас на сајтот „Продажба и купување“ во кој наведува дека бара момче со кое би ја поминала новогодишната ноќ во Тузла.
Во огласот пишува дека млада и атрактивна девојка, бара момче со кое би ја дочекала 2014 година. Со кус опис, поставила и своја фотографија.
Таа наведе дека со избраниот кандидат би ја поминале ноќта во еден клуб во Тузла, каде момчето не би имало никакви финансиски трошоци.
Единствено што побара е момчето да не биде постаро од 25 години.
– Изгледам добро, што потврдувам и со фотографијата која ја приложувам. Ве молам да не поставувате глупави прашања, пишува во огласот.
Огласот без објаснувања бил избришан, а останува прашањето дали девојката пронајде момче за налудата ноќ или станува збор за злоупотреба на огласниот простор.