Бара работа: Вработете го Роби Вилијамс

Му здодеало да биде поп ѕвезда, време е да најде „вистинска“ работа.

„ Да бидам искрен, ми здодеа да бидам поп – ѕвезда. Имам прекрасна кариера, но сакам да работам нешто друго. Сега сум татко и мислам дека треба да имам вистинска работа“, вели Вилијамс во видеото, а потоа набројува на кои работни позиции се гледа себе си.

„ Можам да станам фудбалер, да работам нешто поврзано со мода, евентуално да поправам автомобили“.

Додека едни мислат дека е во прашање само шега на пејачот, други сериозно се загрижени дека Роби со ова видео најавува повлекување од сцената.

- Реклама -