Scott Blake е американски уметник кој бар кодовите ги претвора во уметност.
Scott Blake е американски уметник кој бар кодовите ги претвора во уметност.
Blake го направил својот прв бар код портрет во 1998 година и оттогаш има направено 30 портрети на културни икони како што се Анди Ворхол, Бил Гејтс, Опра Винфри, Брус Ли, видеа и интерактивна нет уметност врз основа на бар кодовите, бар код тетоважи и графити.
Портрет на Брус Ли направен од баркодовите на неговите филмови во двд издание.
Scott Blake пред својот „Бар код на Исус“
На неговата веб страна има и историјат на бар кодот и неговото значење, а исто така и можност да си направите свој личен бар код врз основа на вашите лични податоци.
Можете и да побарате уметникот да ви испрати бесплатна разгледница со еден од неговите бар код портрети по ваш избор на вашата домашна адреса.