И банкарите по стапките на жените од СДСМ, со групна кореографија на плоштадот во Скопје (ВИДЕО)

По жените од СДСМ Прилеп, и банкарите од Уни Банка го прифатија интернет „предизвикот“ #JerusalemaChallenge, па заиграа со групна кореографија пред експозитурата на нивната банка на плоштадот во Скопје. Видеото е споделено на официјалниот Фејсбук профил:

„Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат нa познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија 💃🕺

2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно. Споделуваме позитивна енергија и емоции✨🎊 “, порачуваат од банката.

- Реклама -