Банка по грешка му префлила 1.25 милиони фунти на сметка

21-годишниот Британец Киран Меккифери имал мошне забавна седмица, откако на банкарската сметка по грешка му легнале 1.245.000 фунти!

Нормално, првата помисла му била што да направи со парите, но сепак, совеста (и неговата девојка) го предомислиле. Киран ја контактирал банката, од каде што му рекле дека парите се од извесна огромна инвеститорска компанија и дека останува на нивната банка да ги повлече назад.

Мешаницата траела цели 10 дена. Можеме само да ја замислиме агонијата и искушението низ кои поминал среќникот (?). На крајот, парите се вратиле на вистинскиот пат, а Киран останал со и не баш мала награда од 210 фунти, кои ги добил како камата во периодот додека ги имал парите на сметката.

ad_163819651-e1427102369253[1]

„Помислував да ги потрошам парите, но имав читано приказни за луѓе што потрошиле пари што ги добиле по грешка и заради тоа влетале во неволја. Зборував со девојка ми и таа ме советуваше да не ги допирам парите и да ги оставам додека банката не го реши проблемот“.

Најинтересно од се е што Киран ги открил парите само ден порано од денот кога бил решен да купи нов автомобил.

„Купував нова кола следниот ден, и можев да ја платам во кеш – и да купам уште неколку плус, со парите на сметката“.

Среќа или хорор, решете сами.

- Реклама -