Бане стана ѕвезда, а Елена секс-симбол

 

Првиот победник на „Гранд ѕвезди“, после десет години успеа да ја освои публиката и тоа во шоуто „Твоето лице звучи познато“.

 

Втората сезона од хуманитарната шоу-програма помина турболентно. На некои им помогна во кариерата, додека некои се покажаа во сосема поинакво светло, коментира српскиот весник „Блиц“.

Бане Мојичевиќ на естрадата зачекори како победник на првата сезона на  „Гранд ѕвездите“, но немаше хит со кој би ја задржал популарноста на почетокот од кариерата. Меѓутоа, со успешните имитации на ТЛЗП ја освои публиката. Од недела во недела ги поместуваше границите, а дури и беше јаболко на радзор меѓу членовите на жири комисијата.

Меѓутоа, и оние кои порано не ги слушале песните на Бане се согласија дека е многу талентиран за пеење и за глума.

Блиц во својот коментар се осврнува и на Елена Ристеска која никогаш порано немала волку внимание од екс-Ју медиумите. Покрај одличните вокални способности, таа го покажа и своето секси тело. Трансформациите и одеа од рака, а во сексипилните костими привлече огромно внимание со Северина и Џеј Ло. Се зборува дека добила и понуди да се соблече за машки магазини.

Како ќе продолжи кариерата на Елена на Балканот, останува да видиме. Како и да е, ова шоу и ги отвори вратите.

- Реклама -