Марио Балотели е уникатен – неверојатен фудбалер, но уште поневеројатен е надвор од теренот со своите изјави, постапки…
Така, на својот профил на Твитер напиша дека утре вечер ќе ја викне Шакира на финалето во Киев, за да види што тој ќе му прави на Жерар Пике, нејзиното момче кое игра за селекцијата на Шпанија.
„Знаете што ќе направам утре? Ќе ја викнам Шакира на финалето, за да гледа во живо што ќе му правам на Пике, хе, хе, хе…“, напиша Балотели.