Никогаш не му е здодевно на Марио Балотели, тој секогаш умее на свој начин да ја протолкува секоја работа…– Не грижете се, нема крај на светот. Одложен е додека Ливерпул не освои титула, а тоа ќе потрае – напиша напаѓачот на Манчестер сити на Твитер.
Контроверзниот италијански напаѓач редовно го привлекува вниманието на островските медиуми, но и му ги „тенчи“ нервите на менаџерот Роберто Манчини, како и на раководството на Манчестер Сити.
Меѓутоа, Марио е едноставно таков и доколку се промени, дефинитивно не би бил така популарен. По овој твит тој сигурно ќе го навлече гневот и на фановите на Ливерпул, но веројатно не се грижи многу ни за тоа.