Балотели го „запали“ Милано (видео)

Супер Марио е во Милано, тоа беше повод за навивачите на Милан да го „окупираат“ ресторанот во кој вечераше новата ѕвезда на „росонерите“, па Балотели излезе за да ги поздрави и да навива со нив.

Нема сомнение, тој е новиот миленик на „миланезите“, повеќе од 1.000 тифози дојдоа во центарот на Милано за да го скандираат името на новото засилување, италијанскиот репрезентативец Марио Балотели.

Градскиот ривал Интер, пак, одлучи да го купи младиот талентиран фудбалер на Динамо Загреб, Матео Ковачиќ, за 11 милиони евра. Тоа дефинитивно е трансфер на годината за Хрватите, меѓутаа во Милано „бомбата“ е Марио Балотели.

[youtube]http://youtu.be/I4VdkbYZovc[/youtube]

- Реклама -