Балканскиот „Пабло Ескобар“ ѝ се предаде на полицијата (ФОТО)

После три години бегство и криење од органите на законот и правдата, познатиот трговец со наркотици – Келменд Балили, ѝ се предаде на полицијата, соопшти албанскиот министер за внатрешни работи – Сандер Леши. Тој истакна дека Балили се предал по „долга и комплицирана операција“, без да ги наведе деталите.

Балили – поранешен висок функционер во локалната власт во Саранда на југот на Албанија, е во бегство откако беше издаден налог за апсење од соседна Грција, која го смета за шеф на банда која тргува со наркотици.

https://twitter.com/VincentTriest/status/1085114437588135936

Балили беше прогласен од медиумите за „балкански Пабло Ескобар“, a неговото апсење се сметаше за малку веројатно, пред сé поради сомневањата за силни политички врски. Донекаде тоа го потврди и изјавата на премиерот Еди Рама, кој апсењето го оцени како „голем чекор во борбата против организираниот криминал“.

А борбата против организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата се највисоките приоритети на Албанија, која посакува годинава да ги почне преговорите за членство во Европската унија.

- Реклама -