„Балканската Кардашијанка ја измисли веста за Нејмар“

 

Каталонските медиуми се убедени дека Сораја Вучелиќ, која што многумина на нарекуваат балканската Ким Кардашијан, користи фотографија со Нејмар за да се промовира во светот.

Веста за наводната врска на Сораја Вучелиќ (28) и бразилскиот фудбалер ја објавија сите светски медиуми. Но, каталонските весници тврдат дека балканската Кардашијанка, ја измислила врската со Нејмар (22).

„Мундо Депортиво“ пишува дека српската старлета случајно се фотографирала со фудбалерот, со цел да ги искористи фотографиите за своја промоција.

Сораја во моментов одмора во Барселона со пријателка, но од нови фотографии со Нејмар нема ни трага.

Веста беше дека наводно Нејмар по неа испратил приватен авион, за да ја види.

„Се обидувате да ми наместите девојка? Хаха“, искоментира фудбалерот на социјалните мрежи, откако ова озборување го обиколи светот.

- Реклама -