Балерината Елена Гарсија од рускиот Бољшој театар вчера симболично загина на протестниот еко перформанс за заштита на Охрид пред општинската зграда, со кој активистите побараа мораториум на сите градежни активности на крајбрежјето на Охридското Езеро. Гарсија изведе дел од сцената умирање на лебедот од балетот „Лебедово езеро” на П. И.Чајковски, во која сценографија беше подигањето на црните згради со црвени покривчиња кои ја симболизираат разулавената урбанизација, го убива лебедот како симбол на убавината и сето живо во природата, кој умира од тие монструми кои што се надвиснати над него. На крајот на нејзиниот настап, ѓубреџии ја ставаат во црни кеси и ја изнесуваат како смет.
Повеќе на СДК