Златото во оваа фотографија не било најдено во река или рудник туку било создадено во лабораторија со помош на бактерија.
Според истражувачите од Државниот Универзитет од Мичиген, бактеријата може да преживее во токсични средини и да создаде 24 каратно злато. Чисто злато. Дали оваа бактерија ни е спас од глбалната економска криза? Секако дека не, но ако ништо друго барем Казим Кашефи – асистент професор по микробиологија и молекуларна генетика – и Адам Браун – професор по електронска уметност и интермедиа – ќе станат малку побогати.
Кашефи и Браун се оние кои ја создале оваа компактна лабораторија која ја користи бактеријата Cupriavidus Metallidurans да го претвори хлоридот – токсична течност која може да се најде во природата – во 99,9 проценти чисто злато. Според Кашефи, тие прават „микробна алхемија“ со претварање „на нешто што нема вистинска вредност во цврст [токсичниот материјал не е бесплатен, поевтин е од злато но сепак чини пари] скапоцен метал кој вреди.“
Бактеријата е неверојатно отпорна на токсичниот елемент. Всушност, бактеријата е 25 пати посилна отколку што научниците претходно мислеа. Компактната лабораторија, која истражувачите ја именувале The Great Work of the Metal Lover, ја содржи бактеријата додека тие го воведуваат хлоридот. За една недела бактеријата го обработува токсичниот хлорид во скапоцен медал – процес кој тие мислат постојано се случува во природата. [Superman-strength bacteria produce gold]