Маж, чиј што идентитет не се открива оставил 11 000 долари бакшиш на тројца вработени во ресторан во Америка.Мажот познат со дарежливи бакшиши го посетил ресторанот на 27 декември во 22 часот. Сметката која што тој и неговата жена ја направиле била 331.40 долари и била придружена со 1000 долари бакшиш.
Откако платиле, двајцата сепак решиле да останат за уште еден пијалок во барот. Таму сметката им била 89.89 долари, а остатокот сепак бил 10 пати поголем – 10 000 долари.
Така двајцата бармени и келнерката кои работеле во тоа време во локалот ќе делат 11 000 долари.
Шанкерот Клинт Споталсан објави фотографии на сметките на Instagram. Година порано во истиот локал непознатиот човек оставил „само” 2.500 долари бакшиш.