Зборовите „грозно“ и „Бред Пит“ сигурно никогаш не сте ги слушнале заедно, но токму актерката Кирстен Данст ги споила за да го опише бакнежот со холивудскиот срцекршач.
Иако сите ја сметаа за голема среќничка затоа што имала прилика да ги допре усните на Бред во 1994 година во филмот „Интервју со ѓаволот“, Кирстен не била воодушевена. Ќе ја разберете. Тогаш имала само 12 години.
„Само се допревме со усните. Се сеќавам дека Бред гледаше епизоди од емисијата „Real World“, имаше долга коса и беше во хипи фазон. И додека сите ми збореа дека сум среќна затоа што го бакнав, јас мислев дека беше грозно. Никого не бакнав до мојата 16 година“, рекла Данст.