Бајки од балони

балониЕден уметник употребил стотици балони за да создаде сцени од неговите омилени бајки. Лери Мос своите уметнички дела направени од балони ги нарекува “Airigami” и ги опишува како мешавина од скулптури, кукларство и оригами.

балониЗа секое дело – од кои секое претставува сцена од бајки како Трите Прасиња, Црвенкапа, Принцезата и зрното грашок – се потребни стотици балони. Четириесет годишниот уметник од Њујорк, кој оваа серија ја создал заедно со Кели Читл, вели дека проектот настанал бидејќи сакале да создадат нешто „навистина лесно и игриво“. „Балоните се забавен медиум“ изјавил Лери. „Како и нашите детски фантазии и балоните со текот на времето исчезнуват.“
балони„Комбинацијата од балони и бајки едноставно изгледаше како природен спој. Тие не вреќаат во времето кога секој од нас ги спојуваше ликовите од книгите и креативноста за истражување на светови кои постоеја само неколку моменти во времето.“ Лери вели дека со овој потег си овозможил да вметне деца во своите дела и дека вистинска личност во фантастичниот свет од балони го прави целото дело помагично.
балонибалонибалонибалони

- Реклама -