Бајага го одложи концертот во Скопје: „Оваа недела нека биде недела на тишината“

Момчило Бајагиќ – Бајага и Авалон-Продукција го одложија концертот во Скопје, поради грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Бајага и Инструктори требаше на настапат на 9-ти декември во СЦ “Јане Сандански“, а концертот е презакажан за 23-ти декември на истата локација. На оние кои не можат да присуствуваат на настанот на новиот датум, ќе им бидат рефундирани средставата, известија од “Авалон“.

-Оваа недела нека биде недела на тишината. Во моментов сите ние oд “Авалон“, а сигурни сме дека и сите вие кои имате купено влезници за концертот на Бајага & Инструктори чувствуваме едно исто: дека не сме способни за било какво славење на животот и музиката оваа недела, после тажните информации кои синоќа излегоа на виделина, а утрово се потврдија.

Се одлучивме да го презакажеме концертот за нов датум….

На овој чекор се одлучивме од чисто човечки причини и на тоа не натераа: почитта кон двајцата насилно починати, сочувството кон нивните семејства и најблиски, но пред се, тагата која во моментов ја чувствуваме, a e така видлива кај сите нас кои живееме во оваа држава.

Веруваме дека сите се разбираме…..

А, дека нема сомнеж дека тоа е така, зборува фактот што сево ова први го сфатија и прифатија Бајага и неговите колеги од бендот- известија од продукцијата.

Извор: vecer.mk

- Реклама -