Баерн рутински го започна купот со 0:4 (видео)

Баерн Минхен ја оправда улогата на фаворит на гостувањето против Регенсбург и забележа триумф над нисколигашот од 0:4, со што се пласираше во второто коло од Купот на Германија.

Аутсајдерот одолеваше на нападите на Баварците само во првите триесетина минути, за во преостанатите 60 минути избраниците на Јуп Хејнкес да постигнат четири гола (два на Манџукиќ, по еден на Шакири и на Пизаро) и да забележат рутинска победа на овој натпревар.

{youtube}cb2OO-OMnHU{/youtube}

- Реклама -