„Владата во Скопје, тргнувајќи од бизнис менталитетот во погубното водење на државата, прво што направи по големиот успех на фудбалската репрезентација со пласманот на Европското фудбалско првенство, објави дека доделува награда од по 10.000 евра.
Но, владата заборава дека овој голем фудбалски успех не е прашање на пари, туку е национална гордост за Македонија и дека овие средства за фудбалерите не се некоја сатисфакција бидејќи имаат убави годишни плати со играњето во странски клубови“, велат од партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев.
Тие упатија повик до фудбалерите од репрезентацијата да не го прифаќаат, како што велат, „понижувањето“ и доделените владини пари да ги донираат за медицинските лица кои деноноќно и со месеци се борат со тешката здравствена состојба во земјата.
„На тој начин и фудбалската репрезентатција на конкретен начин ќе покаже дека секогаш е на страната на народот. Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Успехот на фудбалската репрезентација е настан со немерливо и историско значење и не треба да биде поматен со било какви непромислени одлуки од владата и од било кого, посебно во ова тешко време со коронавирусот“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.