Според најновите психолошки истражувања мајмуните и мажите имаат нешто
заедничко. И едните и другите ги привлекува црвената боја.
Според најновите психолошки истражувања мајмуните и мажите имаат нешто заедничко. И едните и другите ги привлекува црвената боја.
Познато е дека приматите од машки пол се привлечени од женките кои „поцрвенуваат“ кога овулираат. А според психолозите на универзитетот од Рочестер, црвената боја која ја носат жените делува како афродизијак и кај луѓето т.е. мажите, без овие да се свесни за тоа.
Во експериментите во кои мажите требало да одговараат на прашањата во врска со сликите кои им се покажувале се покажало дека мажите се повеќе сексуално привлечени од жени облечени во црвено или пак, од сликите кои имале само црвена рамка. „Црвениот ефект“ го рефлектирал само аспектот на женската привлечност, не карактеристиките на личноста и интелегенцијата на прикажаните женски субјекти.
Со истражувањето се дошло до заклучокот дека кај мажите има сличен „црвен ефект“ како и кај другите примати и дека тоа има големи импликации врз игрите на заведување, модната индустрија, дизајнот и маркетингот. Да, сега и психолозите потврдија – црвеното е секси.