Бабите и дедовците во Шведска можат да добијат додаток за грижа за нивните внуци

Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето.

Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките.

Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето.

Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, објави Шведската агенција за социјално осигурување.

Прочитајте и:  Шведска и Финска ги повикуваат граѓаните да бидат подготвени за можноста за војна

Родителскиот додаток во Шведска се исплаќа за 480 дена или околу 16 месеци по дете.

Таа такса се пресметува врз основа на целосен приход за 390 дена, додека за останатите 90 дена се добива фиксен износ од 17 долари на ден.

Има и други бенефиции за родителите во Шведска – тие исто така можат да работат со скратено работно време додека детето не наполни осум години, додека државните службеници можат да добијат скратено работно време додека детето не наполни 12 години.

- Реклама -