Азар и Кагава се селат на Олд Трафорд

Челниците на Манчестер Jунајтед се на добар пат да извојуваат победа во обидите да ги ангажираат Еден Азар и Шинџи Кагава.

Двајцата одлични фудбалери веќе извесно време се наоѓаат на листата со желби на Алекс Фергусон, но клупските директори на „Црвените ѓаволи“ конечно успеаја да постигнат договор за нивните трансфери, па Азар и Кагава веќе во текот на следната недела би можеле да ги комплетираат своите трансфери на „Олд Трафорд“.

Долго време се шпекулираше дека Манчестер Сити ќе биде тимот што ќе ја добие трката за Азар, но „Граѓаните“ во последен момент се премислија и своето внимание го насочија кон шпанскиот репрезентативец Хави Мартинез. Со тоа, тие им ја олеснија задачата на своите соседи, коишто успеале да постигнат целосен договор со белгискиот плејмејкер и сега за комплетирање на трансферот потребно им е само да средат некои детали со Лил.

Многу полесна се очекува да биде задачата на управата на англискиот гигант кога станува збор за комплетирање на трансферот на Шинџи Кагава, со оглед на фактот дека Јапонецот отсекогаш изјавуваше дека сака да го облече дресот на „Ѓаволите“. Јунајтед веќе испрати понуда од 15 милиони фунти до Борусија Дортмунд, сума што би требало да биде сосема доволна за германскиот првак да даде зелено светло за трансферот да се комплетира на стартот од следната недела.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -