Азар е нов играч на Челзи

Белгискиот суперталент Еден Азар кој ова лето ќе го напушти Лил, својата кариера ќе ја продолжи во Челзи. Тој синоќа на твитер објави: „Ќе играм за европскиот првак!“

Англиските гиганти долго време водеа битка за ангажманот на фантастичниот млад фудбалер. Се шпекулираше дека тој е пред трансфер во Манчестер Сити, потоа одеднаш „Црвените ѓаволи“ избија во прв план, но на крајот се чини дека Челзи ќе излезе како победник во оваа трка.

Најверојатно за одлуката на белгискиот репрезентативец пресуди фактот што Челзи стана европски шампион, а со тоа и наредната година ќе настапува во Лигата на шампионите. Секако, и милионите на Роман Абрамович го направија своето, а се претпоставува дека Азар ќе добие неделна плата од фантастични 250.000 фунти.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Второто големо засилување за Челзи би требало да биде Хулк, напаѓачот на Порто, а англиските медиуми наведуваат дека пакетот Азар – Хулк ќе го чини клубот од „Стемфорд Бриџ“ околу 62 милиони фунти. Покрај тоа и херојот на пенал – серијата во финалето на ЛШ, Петер Чех, го продолжи договорот и за наредните четири сезони, а и Фернандо Торес објави дека останува во тимот од Лондон, по разговорот што го имал со Роман Абрамович.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -