Брајан Луис Сандерс е академски уметник што во последниве 21 година е опседнат со цртање на автопортрети. Црта минимум по еден, секој ден почнувајќи од 1995-та, и досега ги има направено над 10.400.
Вели дека автопортретите се како отпечатоци, снегулки или ДНК – сите се различни, нема два исти.
Вели и дека за разлика од повеќето уметници кои се портретираат себе си како репрезентација на светот околу нив, тој го прави спротивното – го става надворешниот свет во својата репрезентација.
Откако доживеал еден период на драстични промени во животот, во своите автопортрети Брајан Сандерс започнал да експериментира со дроги и лекови – секој ден зема различна дрога или интоксикант, а потоа прави автопортрет додека е под влијание. Патем, како резултат на експериментот наскоро станал летаргичен и претрпел благо реверзибилно оштетување на мозокот. Неговиот експеримент уште е во тек, но сега зема супстанци на поголеми временски периоди, и претежно тие што му се препишани од доктор.
Туку да ги видиме автопортретите:
Нешто повеќе на неговиот вебсајт.