Автопортрет на Хозе Луис Борхес, по ослепувањето

jorge-luis-borges[1]

Хорхе Луис Борхес е (1899 – 1986) е еден од најпознатите и најзначајните латиноамерикански писатели, а филозофските теми имаа огромен удел во неговото пишување.

Борхес ослепе во 1955-тата, на 55 години. Никогаш не научи да чита брајова азбука, што го спречи да чита, но и покрај тоа продолжи да „пишува“, па дури и да црта. Овој цртеж е направен некаде во тој период, по губењето на видот. Го нацртал користејќи го прстот за да го води пенкалото што го држел со другата рака.

borges-self-portrait[1]

„Знаев дека ќе ослепам, бидејќи мојот татко, мојата баба и мојот прадедо, сите тие ослепеа“, изјави писателот во интервју во 1971 год. „Не сум способен да читам или пишувам. Така, ако некој ми рече ‘Па, морам да одам и ќе те оставам сам’, тогаш дури можам да седнам и да размислувам, или можеби да не размислувам воопшто и да си дозволам да продолжам да живеам“.

Пишуваше за иронијата на тоа да се ослепе во истиот момент кога ќе се стане директор на Националната библиотека. „Водам многу грижа за моите книги да не се карат една со друга“, ќе рече тој. „Не мислам дека треба да ги имаш твојата Библија и твојот Волтер една до друга. Нема да им биде удобно, зар не? Волтер може да се пошегува со Библијата, или Библијата може да го игнорира, не?“

Кога го изгубил видот бил мошне загрижен околу тоа, а во соништата постојано читал. „И тогаш одедаш веќе некако не можев да читам, бидејќи зборовите стануваа два пати или три пати подолги отколку што беа, или наместо една линија ќе имаше и други линии кои се разгрануваа од неа како да се гранки од дрво. Сега веќе не сонувам дека читам, бидејќи знам дека тоа е зад мене.

…Некогаш ќе видам затворена книга и ќе речам ‘Би можел да ја прочитам оваа книга’, но истовремено, и во сонот знам дека нема да можам, па добро ќе се потрудам да не ја отворам таа особена книга“…

- Реклама -