Авто школата „ДЕЛТА“ во Гостивар, која ги подигна стандардите за обука на идни возачи, заокружи една година успешно функционирање.
Мисијата за овозможување целосна практична и теоретска подготвеност како и самодоверба зад воланот, се исполнува и продолжува понатаму.
„Направивме интересен спој на искуство и на младост, а специфично е што имаме опфатено голем број на кандидати од младата популација. Првата година од работењето ни ги надмина очекувањата, одлична беше. Сметаме дека нашите задоволни клиенти, кои ги има во голем број, се нашата најдобра реклама.“, подвлекуваат сопствениците на „ДЕЛТА“ Гоце Андриевски и Дејан Павлоски.
Како доста побарувана и најактуелна, изминатиот период ја посочуваат обуката за А категорија, посебно атрактивна за младите.
„Нѐ радува тоа што младите покажуваат навистина голем интерес за да научат да ги возат моторите безбедно и според прописи. Обуката за А категорија, откако ја воведовме е многу побарувана и многу актуелна. Инаку, ние одлично функционираме како тим, постојано се надоградуваме, се трудиме постојано да се прошируваме, така ќе продолжиме и во иднина, ќе имаме многу новитети, модернизација и во теоретско предавање и во обуката.“, велат тие.
Авто школа „ДЕЛТА“ обезбедува обуки за категориите A, AM, и B категорија. Од самиот почеток нуди најсовремени методи на обука, нови возила и искусен тим на инструктори, со професионален пристап за целосна подготовка на кандидатите, почнувајќи од основниот теоретски дел, практични сесии на специјални тренинг-полигони, секојдневни симулации на возење и финални испити.
Нема дилема дека Авто школата „ДЕЛТА“ Гостивар е вистинскиот избор за секој иден возач.
Локација: ул. „Светозар Пепоски“ бр.2 / V-1 Лок 4, телефон за контакт 078288747 и 078286446.
(комерцијална објава)