Водите на ова планинско езеро го нудат најуникатното нуркачко искуство во Австрија. На дното на езерото, подводните истражувачи можат да видат риби како пливаат помеѓу гранки на дрвја, дно прекриено со трева, клупи, мостови и пејсаж кој изгледа како нешто што би очекувале да видите над вода. Причината за тоа е што дното половина од годината е целосно суво.

Ова е Зелено Езеро во Трагес, Штајерска, кое се наоѓа на подножјето на планините Хошваб. Во текот на зимата, областа е целосно сува и се користи како парк. Многу луѓе доаѓаат тука за пешачење, во обид да побегнат од урбаниот хаос. Но веднаш штом температурите ќе почнат да растат во пролетните месеци, снегот и мразот од околните врвови се топи и водата се собира во дното на долината. Паркот се полни со студена кристално чиста вода, која ја добива својата карактеристична зелена боја поради тревата и другите растенија на дното. Длабочината на езерото варира од минимум 1 до 2 метри до максимум 10 метри кон крајот на пролетта и почетокот на летото. Нивото на водата е највисоко во јуни кога тука се собираат голем број нуркачи кои сакаат да го истражуваат реткиот феномен пред повлекувањето на водата кон крајот на јули.