Австриските поштари носат две торби: Во едната писма, а во другата?

Да се биде поштар не е лесно. Дел од проблемите со кои се соочуваат се и агресивните домашни кучиња по дворовите.

Како што велат од Австриска пошта, лани дури 47 поштари биле нападнати и каснати од домашни кучиња.

Па така, луѓето задолжени за нивната безбедност одлучија да преземат една интересна мерка – имено, од пред две недели, поштарите се опремени со дополнителна торба во која носат кекси за домашни миленици. Една локална продавница за домашни миленици ќе ги снабдува со 10 тони кекси годишно.

468x270xc2d5ac8acbaa1787b8a407386c2adfc9c1f34b3b0b59f7aa45020098d715b8ef.jpg.pagespeed.ic.zgJaMJp7rCcCTBPiymAu[1]

Портпаролот на австриската пошта, Михаел Хомола, изјави дека сé уште е рано да се процени дали новата стратегија дава резултати. Од друга страна, пак, поштарката Марија Стокер го потврдува позитивниот ефект од иницијативата.

„Сега сум позната како дамата со слатките, а кучињата секогаш се фини со мене, иако порано мене ме гледаа како да сум им ужинка. Сега знаат дека сум пријател, а не натрапник“, вели Стокер.

 

- Реклама -