Австрија ја започна изградбата на ограда на границата со Словенија, за да го забави протокот на мигранти, изјави министерот за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.
„Станува збор за обезбедување на уредно и контролирано влегување во нашата земја , а не за затворање на границата“, изјави таа за државната телевизија.