Властите во Австрија денеска го покренаа нивото на предупредување за заканата од тероризам поради неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас и терористичкиот напад во Брисел.
Австрискиот радуодифузен сервис ОРФ јавува дека министерот за внатрешни работи Герхард Карнер соопшти дека предупредувањето е покренато на второ највисоко ниво.
Карнер доддаде дека дополнителни, „специјално обучени сили“ на австриската армија ќе се користат „пред се за заштита на еврејските институции“.