Австралискиот парламент изгласа забрана за користење на социјалните медиуми за деца под 16 години

Сенатот, на последната седница оваа година, ја одобри забраната за социјалните мрежи, по неколкумесечна интензивна јавна расправа и бурниот парламентарен процес во кој предлог-законот беше презентиран, расправан и усвоен во рок од една недела.

Според новиот закон, технолошките компании мора да преземат „разумни чекори“ за да ги спречат малолетните корисници да пристапат до услугите на социјалните медиуми или ќе се соочат со казни од речиси 50 милиони австралиски долари (32 милиони долари).

Се очекува да бидат забранети Snapchat, TikTok, Facebook, Instagram, Reddit и X (Twitter). Но листата може да се прошири.

„Знаеме дека социјалните медиуми можат да бидат оружје за насилниците, платформа за притисок од врсниците, двигател на анксиозност. И најлошо од сè, алатка за онлајн предатори“, рече премиерот Ентони Албанес.

Прочитајте и:  Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години

- Реклама -