Летот на турскиот авиопревозник Туркиш Ерлајнс, кој патувал од Најроби кон Истанбул, е пренасочен откако е откриена безжична конекција со име „Бомба во авионот“, која ги вознемирила патниците. Изгледа била многу спора…
Шегата на страна, авионот принудно слетал на аеродромот во Картум (Судан), а по претресот на авионот и патниците и отсуството на било какви неправилности, летот продолжил без проблеми.
Од Туркиш Ерлајнс не наведуваат дали е идентификуван патникот кој ја креирал конекцијата.