Авион полн со „Ајфони“: робата од ова летало ја очекуваат 4 милиони луѓе

Тежината на сите телефони во авионот изнесува повеќе од 116.000 килограми, а аналитичарите сметаат дека ова ќе биде најпродаваниот телефон на iPhone било кога.

За само 24 часа, нарачани се повеќе од 4 милиони нови смартфони, што само покажува дека фановите на компанијата „Епл“ со нетрпеливост ја чекаат својата нова играчка. Еден фан кој е воедно и член на екипажот на авионот, ја објави оваа фотографија што за миг стана вирална.

– Да, тоа е она што го работа. Пренесувам работи. Имам привилегија да бидам мал дел од ланецот на Apple за снабдување. Штотуку слетав во Енклориџ со авион полн со новите модели на Ајфон. Друга екипа сега ќе го превземе авионот и ќе го однесе во Чикаго. Нема на што, напиша пилотот до фотографијата.

Avion-koji-prenosi-iPhone-6a

Тежината на сите телефони во авионот изнесува повеќе од 116.000 килограми.

– Верувајте ми на зборот дека ова не е единствениот авион кој вози „јаболки“. Претпоставувам дека во Кина дневно пристигнуваат околу 20 или 30 авиони со оваа рова, напиша пилотот на својот профил на Твитер.

- Реклама -